Достапни линкови

Доларот на 15 - годишно најниско ново спрема јенот


Американскиот долар падна на најинско ниво спрема јапонскиот јен во изминативе 15 години на берзата во Токио каде 1 долар се менуваше за 83.33 јена. Вредноста на акциите на Никеи берзата пак падна за над 2 процента поради стравот дека силниот јен ке го ослаби јапонскиот извоз. Според аналитичарите, инвеститорите бараат безбедност во силниот јен поради забавениот раст на глобалната економија и кондицијата на европскиот банкарски систем.
XS
SM
MD
LG