Достапни линкови

logo-print

Сепак ќе се палат копии од Куранот


Американската христијанска црква соопшти дека планира да го оствари најавеното палење копии од Куранот в сабота, на 9- годишнината од терористичките напади во САД и покрај широката осуда на овој чекор од американската влада и религиозните лидери. Оваа мала црква со 50 членови и седиште во Флорида оценува дека исламот е насилна религија. Администрацијата на Обама и највисоките команданти на НАТО повикаа на откажување од намерата да се палат копии од Куранот, оценувајки дека тоа ќе биде провокација која ќе ги загрози животите на Американците и ќе предизвика сериозни проблеми за Соединетите Држави не само во Авганистан, туку насекаде во светот ќе ги зголеми ризиците од напади.
XS
SM
MD
LG