Достапни линкови

Бомбашки напад во Пакистан- 12 загинати


Најмалку 12 лица загинале, а над 50 биле повредени во бомбашки напад врз полициска станица во северозападниот дел на Пакистан, соопшти пакистанската полиција. Во експлозијата најголем број од жртвите се жени и деца. Полицијата наведе дека се оштетени околните куќи и една полициска касарна. Спасувачките екипи стравуваат дека бројот на загинати ќе расте.
XS
SM
MD
LG