Достапни линкови

Откажано рочиштето за глисерската несреќа во Охрид


Не се одржа за денеска закажаното второ рочиште од процесот за минатогодишната несреќа на Охридското Езеро, во која при судар на брз моторен чамец и скутер на вода, животот го загуби 39-годишната Ирина Романова-Муцунска од Скопје. Причина за одложувањето се здравствени проблеми и спреченост на обвинетиот да се појави во судницата.
На првото судско рочиште првообвинетиот Христијан Шапкар се бранеше со молчење.
XS
SM
MD
LG