Достапни линкови

Награда за данскиот карикатурист што го црташе пророкот Мухамед


Данскиот карикатурист Курт Вестергард, кој во 2005 година го нацрта пророкот Мухамед со бомба во турбанот, утре во Потстдам, треба да ја прими германската награда за слобода на печат. Организаторите велат дека Вестергард ја добива наградата поради „бестрашниот ангажман за слобода на печат и слобода на мислење и за неговата храброст да ги брани овие демократски вредности и покрај заканите со смрт и насилство“.
Карикатурите со пророкот Мухамед во 2005 наидоа на бура реакции меѓу муслиманите ширум светот, а поради многуте смртни закани, Вестергард се уште е под полициска заштита
XS
SM
MD
LG