Достапни линкови

logo-print

Ново задолжување


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Владата повторно организира аукција на државни записи. Експертите предупредуваат дека власта треба да внимава со задолжувањето што зазема алармантен обем.

Аукциите на државни записи се вообичаен начин на полнење на државната каса, но постојат и ризици, констатираат експертите. Владата денеска повторно организира аукција, но овој пат само на шестмесечни записи. Професорот Зоран Ивановски вели дека станува збор за пазарен начин за обезбедување на пари за буџетот и дополнува:
Наспроти ова би рекол дека во областа на меѓународното задолжување и долгот на Република Македонија, веќе имаме прв доказ за ранливост на Македонија кога обемот на задолженоста веќе изнесува 60% од БДП на Македонија и на ова прашање посебно ќе треба да поведе сметка Владата


,,Емисијата на државните хартии од вредност мора во секој случај да обезбеди пазарна каматна стапка со цел да биде атрактивна за евентуалните, потенцијални инвеститори."

Ивановски забележува дека владата треба да внимава со задолжувањето се` со цел да не го дестабилизира буџетот со преголеми долгови и додава:

,,Наспроти ова би рекол дека во областа на меѓународното задолжување и долгот на Република Македонија, веќе имаме прв доказ за ранливост на Македонија кога обемот на задолженоста веќе изнесува 60% од БДП на Македонија и на ова прашање посебно ќе треба да поведе сметка Владата."

Од тука се поставува и прашањето: ако македонската економија станува поранлива со секое задолжување тогаш зошто Државниот завод за статистика преку своите податоци констатира раст на индустриското производство, кој според економистите е индикатор на заздравување на економијата? Поконкретно, следејки ја економската логика, ако
има раст на производството, би требало да има и повеќе приливи од овој сектор во народната каса, но наместо тоа власта повторно се задолжува. Ако се оди по логиката дека работниците се најдобар „барометар“ на состојбите во стопанството, тогаш испаѓа дека состојбите и не се толку подобрени, посебно ако се има предвид неофицијалната проценка дека во време на поголем индустриски развој дури 10.000 работници останале без работа. Пеце Ристески од ССМ констатира дека има одредени подобврувања, но се` уште постојат проблеми:

,,Враќање имаме на веќе отпуштени работници или имаме повлекување на работници кои беа на т.н. принуден одмор. Меѓутоа што се однесува до оние другите права, дали имаме зголемување на плати и други примања, во тој дел немаме поместување."

Инаку деталите од денешната аукција на шестмесечни записи би требало да бидат познати до крајот на денов. Останува отворено прашањето, за што ќе се трошат парите? Дали за нови проекти или покривање на стари долгови.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG