Достапни линкови

Баросо - економскиот раст во ЕУ, подобар од очекувањата


Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави денеска дека економската обнова во Европската Унија се одвива добро и оти растот годинава ќе биде поголем од предвидувањата. Но, Баросо, во говорот во Европскиот Парламент во Стразбур, нагласи дека невработеноста е сеуште многу висока во земјите од Унијата, повикувајки на структурни реформи во наредните 12 месеци и солидарност во сите 27 земји членки.
XS
SM
MD
LG