Достапни линкови

Изборите во Киргистан можат да бидат одложени


Претседателката на Киргистан Роза Отунбаева изјави дека парламентарните избори, закажани за 10-ти октомври, би можеле да бидат одложени доколку политичарите го злоупотребат овој процес за предизвикување нови тензии. Зборувајки на еден политички форум во Бишкек, Отунбаева предупреди дека доколку биде доведено во прашење единството на земјата, ќе прогласи вонредна состојба и ќе ги одложи изборите. Владата на Отунбаева има проблем да воспостави целосна контрола во јужниот дел на земјата каде што има голем број приврзаници на соборениот претседател Бакиев.
XS
SM
MD
LG