Достапни линкови

logo-print

Папандреу со нова влада


Премиерот на Грција - Јоргос Папандреу

Премиерот на Грција - Јоргос Папандреу

Новата влада на Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска треба да положи заклетва. Реконструкција која беше извршена синоќа, за опозицијата, е само потврда за неуспехот на кабинетот на Папандреу за време на најлошата должничка криза која ја потресе Грција и Европската Унија. Брисел пак е претпазлив.

Од најбитните функции, местата во новиот Кабинет ќе ги зачуваат вицепремиерот Теодорос Пангалос, државниот министер Харис Памбукис, а исто така и министрите за финансии - Јоргос Папаконстантину, за надворешни работи - Димитрис Друцас, како и за за одбрана - Евангелос Венизелос.
Новата влада на Јоргос Папандреу од 37 членови се зголеми на 48 членови вклучувајки ги тука 24 заменици-министри.
Димитрис Друцас е унапреден во министер за надворешни работи, функција која тој и досега ја извршуваше, но како заменик-министер со ранг на втор министер, бидејќи Папандреу формално ја заземаше функцијата.

Протстите во Атина


Со реконструкцијата, објавена рано изутринава, грчката влада добива нови министри за труд, економија, здравство и за земјоделие. Целта на реконструкцијата на владата, според Премиерот Папандреу е да се подобрат перформансите за примена на програмата договорена со ЕУ согласно пакетот помош од 110 милијарди евра за кратење на трошоците и зголемување на даноците во земјата. Измените се критикувани од опозицијата, бидејќи според неа, тие се доказ за неуспехот на владата по едногодишното владеење. Еве ја реакцијата на портпаролот на Нова Демократија Панос Панагиотиос.
Беа потребни само 11 месеци и една долга ноќ за Премиерот да го реализира неуспехот на неговата влада

„Беа потребни само 11 месеци и една долга ноќ за Премиерот да го реализира неуспехот на неговата влада“.

Од друга страна за учинокот на владата на Папандреу внимателност во Европската унија чии министери за финансии денеска се подготвуваат да се разговараат за можноста за воведување на царински давачки за банките и за финансиските трансакции со цел да се справат со евентуална друга банкарска криза по онаа во Грција.
Резултатите од Грција имено се подобри од очекувањата и сега нема толку апокалиптични сценарија како пред неколку месеци, кога се дискутираше за пропаста на еврото. Но, политичарите остануваат претпазливи дека должничката криза може да се случи повторно.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG