Достапни линкови

Палењето на Куранот ќе предизвика сериозни проблеми за САД


Американските команданти во Авганистан предупредија дека намерата на една мала христијанска црква да пали копии од Куранот ќе биде провокација која ќе ги загрози животите на американците. Командантот на НАТО и американските сили во Авганистан, генерал Дејвид Питреус изјави дека палењето на светата муслиманска книга ќе предизвика сериозни проблеми за Соединетите Држави не само во Авганистан, туку насекаде во светот. Една мала црква со седиште на Флорида соопшти дека на 9 годишнината од терористичките напади на 11-ти септември, нејзини приврзаници ќе палат копии од Куранот, оценувајки дека исламот е насилна религија.
XS
SM
MD
LG