Достапни линкови

Ел Барадеи повика на бојкот на изборите во Египет


Египетскиот про-демократски опозиционен лидер Мухамед Ел Барадеи повика на бојкот на парламентарните избори во Египет, закажани за ноември. Според Ел Барадеи, изборите ќе бидат наместени и учеството на нив нема да помогне за демократизација на земјата, туку само ќе го легитимизира лошиот политички систем. Ел Барадеи, кој е добитник на Нобеловата награда за мир во 2005-та година, изјави дека би се кандидирал за претседател на Египет, на изборите во наредната година само доколку има уставни измени и гаранции за слободни избори. Актуелниот претседател на Египет Хосни Мубарак е на власт речиси 30 години.
XS
SM
MD
LG