Достапни линкови

Австралија конечно ќе добие нова влада


Австралијската премиерка Џулија Гилард ќе формира нова влада откако двајца независни пратеници ја подржаа нејзината коалиција, која сега има многу тесно мнозинство во Парламентот. Лабуристичката Партија на премиерката Гилард сега има подршка од 76 пратеници од вкупно 150, со што е ставен крај на неизвесноста околу формирањето на австралијската влада по изборите на кои ниедна од клучните партии не го освои потребното мнозинство.

XS
SM
MD
LG