Достапни линкови

Деловникот на Собранието пред пратениците


Македонскиот парламент денеска ќе расправа за измените на Деловникот на Собранието. Тоа беше договорено на вчерашната координација кај претседателот Трајко Вељаноски, на која по неколкунеделен бојкот, присуствуваа и претставници на опозицијата. Договорено е и опозицијата да може да предлага точка на дневен ред на секоја втора пленарна седница. Собранискиот Деловник ќе биде прва точка на дневниот ред на денешната седница. На онаа одржана пред летната пауза, пратениците ја завршија општата расправа и остана само да се гласа за измените на Деловникот.
XS
SM
MD
LG