Достапни линкови

Македонски национален ден на „Шангај експо 2010“


На саемската манифестација „Шангај експо 2010“ денеска ќе биде отворен Македонскиот национален ден. Македонија на својот павиљон ќе организира културна програма, средби со бизнис делегации и претставници на странски компании, презентација на вино и дегустација. Предвиден е и настап на пијанистот Симон Трпчески. „Шангај експо 2010“ е една од најголемите саемски манифестации во светот. Се одржува од 1 мај до 31 октомври, а посетеноста се проценува на околу 49 милиони луѓе.
XS
SM
MD
LG