Достапни линкови

Во Брисел средба Тадиќ- Ештон


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска во Брисел ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Тие ќе разговараат за напорите за усогласување на ставовите меѓу Србија и ЕУ околу предложената резолуција за Косово. До средбата доаѓа два дена пред расправата во Генералното собрание на ОН за српската предлог резолуција и по интензивните консултации за овој текст меѓу претставници на Србија и Унијата.
XS
SM
MD
LG