Достапни линкови

Генерален штрајк во Франција поради пензиските реформи


Француските железничари доцна синоќа стапија во штрајк, започнувајќи го денешниот генерален протест против реформите на пензискиот систем, предложени од претседателот Никола Саркози. Сите планирани ноќни возови се откажани, а за денеска воздухопловните власти побараа намалување на бројот на летови за една четвртина. Штрајкот се очекува да биде проследен и со улични протести во сите градови во Франција, кога парламентот ќе ја започне расправата за реформите на пензискиот систем, кои предвидуваат зголемување на старосната граница за одење во пензија од 60 на 62 години.
XS
SM
MD
LG