Достапни линкови

logo-print

НАТО ќе побара дополнителни 2000 војници во Авганистан


НАТО би можел да испрати во Авганистан дополнителни 2000 војници, главно експерти за обука, кои би требало да помогнат во формирањето војска и полиција способни да ја преземат грижата за безбедноста на земјата. Според изјавата на претставник на Алијансата за Асошиетед прес, барањето за тоа ќе го постави врховниот командант на силите на НАТО во оваа земја генерал Дејвид Петреус на самитот во ноември. Освен експерти за обука, Петреус ќе побара и деминери, затоа што 60 проценти од загинатите 2000 војници на коалициските сили за време на 9- годишната операција, животот го загубиле во експлозии на подметнати бомби. Во моментов во Авганистан има распоредено 140 илјади странски војници.
XS
SM
MD
LG