Достапни линкови

Српската полиција уапсила „одреден број“ луѓе во Нови Пазар


Српската полиција соопштува дека уапсила „одреден број“ луѓе, по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во градот Нови Пазар во Санџак. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ рече дека уапсените се осомничени за нарушување на јавниот ред и мир и за напад врз полицијата.
За време на саботниот протест во Нови Пазар, демонстрантите се судрија со полицијата. Тие протестира против изградба на градинка на место за кое тврдат дека и припаѓа на Исламската верска заедница.
XS
SM
MD
LG