Достапни линкови

Убиен познат авганистански новинар


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди истрага за убиството на познатиот телевизиски новинар Сајед Хамид Нури. Тој исто така беше и заменик-претседател на Авганистанското здружение на новинари. Неговото тело беше пронајдено доцна синоќа во близина на неговиот дом. Некои информации велат дека новинарот бил избоден и обезглавен.
XS
SM
MD
LG