Достапни линкови

logo-print

Компромис за откупните цени на грозјето?


Грозјето ќе се откупува по минатогодишните цени, договорија денеска лозарите и винарите на средба кај министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Минатата година винариите плаќаа по 17 до 18 денари за висококвалитетните сорти, 10 до 12 денари за „вранецот“ и 8 до 10 денари за „смедеревката“.
Лозарите, кои од вчера протестираат поради ниските цени на грозјето, ќе одлучат дали ќе се повлечат откако ќе го слушнат резултатот од средбата во Министерството.
XS
SM
MD
LG