Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ побара независна истрага за смртта на белоруски активист


ОБСЕ денеска ја повика Белорусија да спроведе независна истрага за мистериозната смрт на познатиот опозициски активист Алех Бебенин, прдупредувајќи дека случајот може да има „застрашувачки ефект“ за медиумите во земјата. Претходно и Европскиот парламент побара независна истрага за смртта на Бебенин.
Тој беше пронајден обесен на неговиот имот во близина на Минск. Обвинителот изјави дека веројатно се работи за самоубиство. Сепак, колегите на Бебенин и активистите за човекови права ги отфрлија ваквите тврдења.
XS
SM
MD
LG