Достапни линкови

Тројца локални функционери се повлекоа по критиките од Медведев


Тројца локални функционери во Русија си поднесоа оставки, откако претседателот Дмитриј Медведев ги повика да се повлечат поради шумските пожари во кои минатата недела загинаа осум луѓе, а изгореа и стотици куќи. Заменик-гувернерот на Волгоградската област и првите луѓе на две општини се повлекоа, откако Медведев ги обвини за небрежност и изјави дека локалните власти треба да „се разбудат“.
XS
SM
MD
LG