Достапни линкови

Деловникот утре пред пратениците


Измените на Деловникот ќе се најдат пред пратениците на утрешната пленарна седница. Тоа е договорено денеска на координација кај претседателот на парламентот Трајко Вељаноски. На координацијата присуствуваа и претставници на опозицијата.
Договорено е и опозицијата да може да предлага точка на дневен ред на секоја втора пленарна седница. За барањето на СДСМ за формирање посебна комисија за контрола над трошењето на буџетските средства, како што информираа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната координација не станало збор.
Парламентарното мнозинство и опозицијата досега не можеа да се услогласат околу измените на Деловникот. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски минатата недела најави дека партијата ќе прифати каков било Деловник што ќе биде предложен од власта.
XS
SM
MD
LG