Достапни линкови

Ваши коментари


Интервјуто со министерот за надворешни работи Милошоски, анализата за туризмот во Македонија, беспарицата, текстови што најмногу привлекуваат коментари од нашите слушатели.

Интервјуто на Радио Слободна Европа со шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, очигледно предизвика големо интересирање кај домашните медиуми, бидејќи во неделата повеќето телевизии дадоа инсерти од него, особено деловите околу очекуваната рунда есенски активности со медијаторот Нимиц. А и кај вас, почитувани зашто веќе почнавте да ги испраќате вашите коментари на нашата веб-страница. Маноле од Женева, прашува, цитирам, ,,кога Антонио ја зборува вистината? Кога се нудеше во просрпската социјалистичка партија на Ѕинго или кога стана пробугарин кај ВМРО-то на Љубчо или, пак, сега, кога глуми голем Македонец? Никогаш,, - одговара самиот Маноле и додава дека ,,овие, наводно млади сили на ВМРО само на пари мислат. Пари прават – патриотизам продаваат,, завршува пораката од Женева. Инаку, се' уште, почитувани, го коментирате нашиот текст за состојбите во македонскиот туризам. Опширниот коментар од граѓанин со дестинација Охрид, а со потпис ,,Од лошо полошо,, пишува: ,,Откако го прочитав текстот се прашав дали требаше да дојдеме до работ па некој да се сети да напише дека навистина не вредиме како што се претставуваме,,. Охриѓанецот пишува дека тоа што се случува во градот е анархија и безаконие, обвинувајќи ги градските власти за соработка со незаконски дилери кои на сопствениците на куќите и на становите им носеле гости, дивите туристички агенции кои правеле измами и проневери поради што охридската полиција досега требала да притвори барем стотина луѓе. ,,Сите задоволни, а на државата ако и е мака, нека цркне,, ја завршува пораката Охриѓанецот со повик до тие што ја водат државата и градот Охрид да се подзамислат каде води сето тоа. Во врска со нашата информација дека за Деловникот Собранието ќе расправа во вторник, Вучко од Скопје пишува: ,,Што чудо од народ ќе бевме. И да има избори веднаш по 3 месеци ќе се прави муабет за нови, како да немаме што да правиме. А и немаме,, си одговара Вучко самиот и додава дека во сите области имаме стагнација и пак не ни доаѓал умот. ,,Од јуни се спремаат за одмори, сега цел септември се спремаат и од 1 октомври со академската година, Јуриш за да се скриеме до Нова Година и така пак до јуни Јово наново и се во круг, оправдање до оправдање и на крајот ништо,, пишува Вучко од Скопје. Нашиот текст за поскапувањата и се' поголемата беспарица кај народот,се' уште ви го преивлекува вниманието, како и информацијата за отчетот за 4-годишното работење на Владата на премиерот Груевски. Некој скопјанец со потписот како да дал и коментар: ,,Абе ај,,.Тој пишува, цитирам, ,,Заводот за статистика може да одговори искрено како да преживееме ако Грујо му дозволи. А Грујо, како што рече се било ОК во земјата Фантазијаленд. Тој ,,пишува скопјанецот, ,,ако оди на отворање на тениски игралишта мисли дека е меѓу народот??? Ја уствари не знам, дали е до народот или до кубурот?,, завршува со прашање оваа порака. И Владо има забелешки на Заводот до статистика, пишувајќи дека досега двапати им се обраќал, а не добил одговор и покрај, како што вели, нивната реклама дека се експедитивни, да ми дадат едномесечен рецепт за преживување со 12 илјади денари,, па реди за што се' требаат пари: за храна, хигиена, за децата за ужинка на училиште, и бара да му кажат колку зеленчук и кое овошје треба да го користиме, колку пати да се капеме, миеме, переме, да се грееме, да се облекуваме во зима, дали да користиме нормално осветлување или газија како дедото и прадедото, дали треба да се излезе од дома и со каков превоз… Ако се најде ваков економист во светот, ќе добие нобелова награда за економија,, ја завршува пораката Владо од Скопје. Коментар на ова, мислам дека не е потребен.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG