Достапни линкови

Во самоубиствен напад во Пакистан, 17 загинати


Седумнаесет луѓе загинале, а 40 други биле ранети во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба врз полициска станица во северозападниот дел на Пакистан. Полицијата соопшти дека во нападот што се случил во градот Лаки Марват загинале седум полицајци и седум цивили, од кои четири деца. Градот се наоѓа во близина на племенските зони за кои се смета дека се главно упориште на талибанците и на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG