Достапни линкови

Куповната моќ на чесите далеку под онаа на германците


Доколку продолжи сегашната динамика на пораст на платите во Чешка, тогаш чесите би можеле да ја достигнат куповната моќ на германиците за 200 години. Ова го пресметале стручњаците за денешниот весник Хосподарсхе новини. Според нив, словаците куповната моќ на германците би ја достигнале веќе во 2034 година. Просечната бруто плата во Чешка, според најновите статистички податоци, изнесува околу 940 евра. Најголеми плати имаат шефовите во финансискиот сектор каде што месечно примаат над 10 илјади евра.
XS
SM
MD
LG