Достапни линкови

logo-print

Авганистан: спасување на ,,Кабул банката,,?


Централна банка на Авганистан, денеска соопшти дека е подготвена да понуди кредити за спасување на проблематичната Кабул банка откако штедачите продолжија да ги повлекуваат нивните заштеди. Сепак, Централната банка ги отфрли извештаите дека владата веќе одобрила 200 милиони долари заем и оти тоа би го сторила само по барање на банката во Кабул, која е најголем кредитор на приватниот сектор во Авганистан. Стотици клиенти неколку дена чекаат пред нејзините филијали поради страхување дека банката е на работ на колапсот, во голема мера поради тоа што десетици милиони долари биле позајми за ризични инвестиции.
XS
SM
MD
LG