Достапни линкови

Во Босна и Херцеговина е во тек предизборна кампања за општите избори што ќе се одржат во октомври. Политичките партии веќе излегоа со нови слогани, но и со стари ветувања од кои, според анкетите, во изминатиот мандат не исполниле ни десет насто. И за овие избори, како што велат аналитичарите, решавачки збор ќе имаат неопределените гласачи.

Сите политички актери на годинашните општи избори во Босна и Херцеговина, барем според упатствата на Централната изборна комисија, мора да се придржуваат до правилата и да водат фер кампања.

Во спротивно следат санкции, вели претседателот на Комисијата Ирена Хаџиабдиќ:

,,Ги повикувам политичките субјекти, нивните кандидати да се воздржат од користење антидржавна, националистичка реторика, како и од изјави кои поттикнуваат тензии. Тоа не е само законска обврска, туку и обврска спрема избирачите.,,

За годинашната изборна кампања ќе бидат потрошени рекордни 65 милиони конвертибилни марки кои најмногу ќе бидат обезбедени од државниот буџет.

Но, она што партиите ќе им го понудат на граѓаните, по се изгледа, не се разликува од претходните каде што во пораките главно се
Токму апстинентите се клучниот проблем. Доколку тие не се разбудат под влијание на реалната состојба на работите во Босна, тогаш ќе имаме иста политичка слика, иста политичка гарнитура како порано. Останува да видиме дали граѓанската свест ќе се разбуди кај луѓето кои едвај врзуваат крај со крај и цивилизирано да кажат: Доста, ова веќе не го сакаме.
сугерира дека е најважна националната определба.

Според некои аналитичари, тоа сепак нема да биде доволно за освојување гласови.

,,Сведоци сме дека оваа година кампањата тргна нешто порано и затоа мислам дека кај политичките актери има многу нервоза. Мислам дека овој пат нема да минат евтини пораки без покритие. Не сум сигурен дека оваа кампања ќе ја одбележи говорот на омраза, бидејќи мислам дека актерите сфатија дека тоа ни кај нас во Босна и Херцеговина, нема смисла.,,

Вели професорот по политичка комуникација на Универзитетот во Мостар Зоран Томиќ, додадавајќи дека не очекува националната реторика да ги мобилизира гласачите со оглед на фактот дека тие веќе добро знаат кои се нивните вистински проблеми.

Според неодамнешите истражувања, 90 насто од граѓаните на Босна и Херцеговина се незадоволни од состојбата во земјата, од степенот на криминалот и корупцијата, како и од невработеноста.

Од друга страна, анкетите покажуваат дека и овие избори нема да донесат радикално поинаква политичка сцена.

Имено и годинава нема да решат гласовите на оние што избираат, туку на оние кои со години не гласаат, вели политичкиот аналитичар Есад Бајтал.

,,Токму апстинентите се клучниот проблем. Доколку тие не се разбудат под влијание на реалната состојба на работите во Босна, тогаш ќе имаме иста политичка слика, иста политичка гарнитура како порано. Останува да видиме дали граѓанската свест ќе се разбуди кај луѓето кои едвај врзуваат крај со крај и цивилизирано да кажат: Доста, ова веќе не го сакаме.,,

Вели Бајтал. На политичката сцена во Република Српска за претстојните општи избори нема нови имиња, ниту поголеми промени во водечките партии.

На подрачјето на Федерацијата единствено ново име е она на медиумскиот тајкун Фахрудин Радончиќ и неговиот Сојуз за подобра иднина кој се кандидира за бошњачки член на претседателството. Со него ќе се тркаат уште Бакир Изетбеговиќ и Харис Силјаџиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG