Достапни линкови

48 часовен притвор за уапсениот Лирим Јакупи


По вчерашното апсење во Приштина, Лирим Јакупи, Нацист, кој е осудуван за убиства, терористички напади и киднапирања во Косово, во Македонија и во Србија е во 48 часовен полициски притвор, соопшти полицијата во Приштина. Јакупи од Македонија последен пат избега по полициската акција во тетовски Бродец, кога беа убиени шестмина припадници на неговата група. Косовската полиција го уапси, но со поголема група криминалци успеа да избега од затворот во Дубрава каде што отслужуваше 40 годишна затворска казна.
XS
SM
MD
LG