Достапни линкови

Таџикистан: седумина повредени во ноќен клуб


Седум луѓе биле повредени во експлозија во еден ноќен клуб во таџикистанскиот главен град Душанбе. Министерството за внатрешни работи засега без детали што би можело да биде причината на експлозијата. До неа дојде на неколку дена откако во самоубиствен напад со автомобил бомба беа убиени двајца полицајци, а дваесетина други беа повредени. За нападот, властите ги обвинија милитантите од Исламското движење на Узбекистан.
XS
SM
MD
LG