Достапни линкови

Референдумот во Молдавија неуспешен ?


Уставниот референдум кој вчера се одржа во Молдавија најверојатно беше неуспешен поради слабата излезеност на жителите на земјата. Референдумот беше распишан со цел да се утврди дали на гласачите треба да им се даде можност на избори да гласаат за претседател на државата. Според бројките што ги добивме, не треба да се надеваме дека референдумот е валиден, изјави вчеравечер премиерот Влад Филат. За референдумот да биде валиден потребна е 33 постотна излезеност на населението. Два часа пред затворањето на гласачките места излезеноста се проценуваше на 25 проценти.
XS
SM
MD
LG