Достапни линкови

logo-print

Беланже - КФОР нема да толерира насилство во Митровица


Командантот на мултинационалната бригада на КФОР Ерик Беланже изјави дека ситуацијата на северот на Косово е напната, но мирна, како и дека КФОР нема да толерира каков било вид на насилство во Косовска Митровица.
Беланже нагласи дека во случај на меѓуетнички инциденти на северот на Косово, КФОР нема да биде нем набљудувач туку ќе реагира во согласност со меѓународните резолуции, за да ја зачува безбедноста.
Во тој дел на Косово се распоредени 1.500 војници и тоа, како што смета Беланже, е доволен број ситуацијата да се одржи под контрола.
XS
SM
MD
LG