Достапни линкови

Абас со критики за Ахмадинеџад


Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го критикуваше иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад за неговата изјава дека обновените израелско-палестински преговори се осудени на пропаст.
Портпаролот Набил Абу Рудаинех, за палестинската агенцијаа Маан, изјавил дека „Ахмадинеџад не го претставува иранскиот народ, ги фалсификуваше изборите и го тероризира иранскиот народ“ и затоа не може да зборува за Палестина, за палестинскиот претседател или за нејзините претсатавници.
XS
SM
MD
LG