Достапни линкови

Ватикан го притиска Иран да не каменува осудена Иранка


Ватикан денеска соопшти дека преку дипломатски канали врши притисок врз Иран да го поштеди животот на Иранката осудена на смрт со каменување поради прељуба. Случајот на 43-годишната Иранка, Сакине Мохамади Аштиани наиде на остри реакции во меѓународната јавност. Нејзиниот адвокат ја напушти земјата. Бразил претходно понуди да и даде азил на жената, но Иран одби.
Католичката црква е противник на смртната казна.
XS
SM
MD
LG