Достапни линкови

„Непријателски елементи“ го опколиле домот на ирански опозициски лидер


Иранската револуционерна гарда ги демантира наводите дека тие, заедно со исламистичката милиција, неколку дена го држеа под опсада домот на опозицискиот лидер Мехди Каруби.
Гардата соопштува дека куќата на Каруби била под опсада од „непријателски елементи“ кои немаат врска со Иранската револуционерна гарда или со милицијата Басиџи.
Напаѓачите пукале и фрлале молотови коктели кон зградата и го повредиле шефот на обезбедувањето на Каруби.
На својата интернет страница, лидерот на опозицијата напиша дека неговиот дом е опколен од повеќе од 50 члена на милицијата Бисаџи, составена од волонтери лојални на ајатолахот Али Хамнеи.

XS
SM
MD
LG