Достапни линкови

logo-print

Претепан потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на БиХ


Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, Богдан Чеко доцна синоќа бил нападнат и претепан на влезот од хотелот „Софител Европа“ во Луксембург.
Нападот се случил по завршувањато на квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство во 2012 година меѓу репрезентациите на Луксембург и БиХ.
Како што соопшти луксембуешката полиција, неидентификувани лица го нападнале Чеко и почнале да го удираат.
По укажаната прва помош од страна на лекарите на фудбалската репрезенатција на БиХ, Чеко е пренесен во болница каде му се утврдени контузии и напукнување на коската под окото.
XS
SM
MD
LG