Достапни линкови

logo-print

Протести на лозарите во Неготино


Неколку стотини лозари од Тиквешијата, од кои најголемиот дел од неготинско, ги блокираат сите излези од градот. Тие се жалат на ниската откупна цена од осум денари за килограм за висококвалитетните сорти грозје, која лани беше двојно повеќе, како и за неисплатеното грозје од ланската реколта.
Велат ќе останат на блокадата се додека министерот за земјоделство Љупчо Димовски не дојде да ги слушне нивните проблеми.
Лозарите најавуваат блокада и на автопатот Скопје – Гевгелија.
Градоначалникот на Неготино Пане Трајков рече дека целосно стои зад нивните барања, но дека треба да се почека исходот од разговорите што треба да се одржат утре меѓу владини претставници, лозарите и винариите.
XS
SM
MD
LG