Достапни линкови

Годишнина од потонувањето на „Илинден“


Во Охрид денеска се одбележува една година од бродската несреќа, во која загинаа 15 бугарски туристи.
Предвидено е да се одржи црковен помен за загинатите и да се положи цвеќе на Спомен-плочата на жртвите на бродската трагедија. Се очекува во Охрид да присуствуваат роднини на загинатите, како и претставници на македонските и на бугарските власти.
Бродот „Илинден“ потона во близина на кампот Елешец, минатата година, на 5-ти септември. Ова е најголемата бродска несреќа што се случила во Македонија.
XS
SM
MD
LG