Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Груевски зборува за минатото, за да избегне одговорност за сегашноста


СДСМ го повика премиерот Никола Груевски да ја преземе одговорноста за ситуацијата во земјата на економски план бидејќи веќе пет години е на власт.
Во најголемата опозициска партија велат дека Груевски постојано зборува за минатото, затоа што сака да избега од сопствена одговорност и одговорите за сегашноста и иднината.
Претходно, премиерот Никола Груевски рече дека деведесетите години се период кога беа направени големи штети, и дека шансите што се пропуштени не може да се надоместат. Тој рече дека уште 20 години ќе ги чувствуваме последиците од погрешните чекори за време на транзицијата.
XS
SM
MD
LG