Достапни линкови

Низ Турција ќе се повлекува само техничката опрема од Ирак


Началникот на генералштабот на американската армија, адмиралот Мајк Мулен рече дека Вашингтон не планира да го повлекува оружјето од Ирак, преку Турција. Тој рече дека бараат од Турција дозвола за транспорт само на техничката опрема.
Турција претходно соопшти дека ќе дозволи транспорт на неборбена опрема низ нејзина територија, но не и транспорт на оружје. За пренос на борбената опрема би требало да се добие одобрение и од Парламентот.
Во 2003 година, Турција не им дозволи на американските сили да ја користат турската територија за напад на Ирак.
XS
SM
MD
LG