Достапни линкови

logo-print

Топи - ОН да не ја подржат српската резолуција за Косово


Албанскиот претседател Бамир Топи го повика синоќа Генералното собрание на ОН да не ја поддржи резолуцијата на Србија за Косово, за која ќе се гласа на 9 септември.
Во писмото до земјите-членки на Генералното собрание, Топи напишал дека тоа би била единствената правилна одлука по објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Во соопштението од Тирана се вели дека „со таа резолуција се нарушува авторитетот на МСП и на ОН“ и оти таа „има негативно влиајние на мирот и стабилноста на југоисточен Балкан“, како и на европската иднина на Србија“.
XS
SM
MD
LG