Достапни линкови

Во Мозамбик судири поради поскапување на храната


Радио Мозамбик јави дека ноќеска имало судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на аеродромот во Мапуто. Ноќеска биле повредени 3 полицајци. Во протестите поради зголемените цени на храната, пред се лебот, и трошоците на живот кои траат веќе три дена, имало 10 загинати и над 400 ранети. Полицијата уапсила 20 лица и изутрината било мирно. Во оваа југо - источна африканска земја над половина од населението живеат во сиромаштија.
XS
SM
MD
LG