Достапни линкови

Реакција на МВР на изјавата на Петров од СДСМ


Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение реагира на денешната изјава на секретарот на СДСМ Андреј Петров во врска со вчерашниот настан во скопската населба Аеродром кога загинаа три лица. МВР смета дека Петров се обидел да инсинуира, преку, како што се наведува, наметнување измислени и неосновани дилеми, дека во МВР има спорна професионална етичност. Во соопштението се додава дека убиениот полициски службеник бил вработен во Шестата управа при МВР на работното место главен оперативен работник за странски делегации и манифестации и оти досега не вршел обезбедување на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG