Достапни линкови

Груевски: позициите на Македонија не се ослабени


,,Ќе направиме се што е во наша моќ Македонија колку е можно побрзо да стане членка на НАТО и на ЕУ, истовремено внимавајќи да не направиме поголема штета поврзана со националните и државните интереси,, порача премиерот Никола Груевски по завршувањето на неговиот отчет за сработеното во изминатите четири години. Дипломатијата, според него, е максимално активна, а меѓународните позиции на Македонија не се ослабени. ,,Ние водиме тешка битка за зачувување на нашиот идентитет и имаме сериозен противник, кој е неколкукратко посилен во однос на ресурсите и неговата позиционираност внатре во ЕУ и во НАТО како член. Тоа воопшто не е лесна битка, но имаме за што да се бориме.,, изјави Груевски кој додаде дека досега нема најава од медијаторот Метју Нимиц за нов предлог.
XS
SM
MD
LG