Достапни линкови

Во Кета - Пакистан убиени над 40 лица на собир на шиити


Над 40 лица се убиени, а 20 се ранети во експлозија на бомба на собир на шиитите во Кета – Пакистан каде што се разнесол бомбаш самоубиец. На собирот се одбележуваше последниот ден од Рамазан на шиитите на кој се покажува солидарност со палестинците и противставување на израелската контрола врз Ерусалим.. Пред два дена во Лахоре на сличен начин на собир на шиити беа убиени 35, а ранети 300 луѓе.
XS
SM
MD
LG