Достапни линкови

logo-print

Косовскиот Премиер ја повика Србија на разговори


Косовскиот Премиер Хашим Тачи ја повика Србија на преговори за надминување на меѓусебните разлики и непријателството. Тој за лондонски Гардијан изјави дека денешната влада на Србија е многу поинаква од онаа која пред 11 години го тероризираше неговиот народ. Во тој контекст, Тачи ја спомна соработката меѓу српската и косовската полиција во борбата против организираниот криминал и други области.
XS
SM
MD
LG