Достапни линкови

Медиумите го открија идентитетот на осомничениот за тројното убиство


Полицијата приведе едно лице осомничено за трикратното убиство што се случи синоќа во рибниот ресторан „Биг фиш“ кај ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром.
Според некои локални медиуми станува збор за Тони Денокоски од Скопје, сопственик на каменолом.
Полицијата се уште работи на целосно расчистување на случајот.
Според првичните информации од МВР, напаѓачот во ресторанот влегол околу 19 часот и 45 минути и испукал неколку рафали од автоматска пушка, по што со автомобил веднаш избегал од местото на настанот.
Во инцидентот едно лице почина на местото на настанот, а две беа повредени и пренесени во Ургентниот центар.
XS
SM
MD
LG