Достапни линкови

Милошоски - Нимиц ја одредува динамиката


Министерот Милошоски и медијаторот Нимиц

Министерот Милошоски и медијаторот Нимиц

Според министерот Милошоски динамиката на преговорите за името ја одредува Нимиц. Претседателот Иванов ке го посети Брисел

Да се запознае со одвивањето на реформире во соодветните ресори пред патувањето во Брисел , била целта на денешната средба на претседателот Иванов со вице премиерите Ставревски и Наумовски, како и министрите за надворешни работи и за правда, Милошоски и Маневски. Надежите се дека на тој начин Иванов ќе може соодветно да лобира за добивање добар извештај и за отпочнување на претпристапните преговори па во тој контекст вицепремиерот Наумовски ги наведе и очекувањата за овогодинешните оценки од страна на ЕК.

„Не би сакале да ја прејудицираме ниту одлуката на Европската комисија (ЕК), ниту на Европскиот совет. Се надеваме дека ЕК ќе даде објективен извшетај и дека како и во сите претходни случаи кога давала препорака за почеток на преговори, Советот ќе ја има предвид оваа препорака до ЕУ,“
изјави Наумовски.

Претседателот Иванов ќе престојува во Брисел на 9 и 10 септември на средба со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Рпмпуј, со првиот човек на Европската комисија, Хозе Мануел Баросо ,со комесарот за проширување, Штефан Филе. На денешната средба во резиденцијата на претседателот не станало збор за спорот за името па оттука вицепремиерот Наумовски во фрска со можностите и евентуалните притисоци за негово решавање во контекст на вероинтеграциите само потсети на веќе познатите ставови.

„Продолжуваат разговорите во рамки на ОН. Ние имаме искрена желба да се најде решение за овој долгогодишен спор што е можно побрзо.

Милошоски за името:

На медијаторот Нимиц е да ја одредува динамиката на понатамошните средби и да дава предлози за решавање на долгогодишниот спор за името, додека ние од наша страна ќе го поттикнеме на понатамошна активност, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за Радио Слободна Европа со навестување дека македонските позиции во спорот се непроменети.
Сметам дека господиниот Нимиц е искусен дипломат и можеби и самиот од тие средби со македонската страна и очекувам и со грчката делегација што ќе биде присутна во Њујорк да направи проценка и самиот да согледа дали постојат позитивни моменти, сигнали за исчекор напред по ова прашање за кое што ние имаме интерес што побрзо да се затвори


,,Сметам дека господиниот Нимиц е искусен дипломат и можеби и самиот од тие средби со македонската страна и очекувам и со грчката делегација што ќе биде присутна во Њујорк, да направи проценка и самиот да согледа дали постојат позитивни моменти, сигнали за исчекор напред по ова прашање за кое што ние имаме интерес што побрзо да се затвори."

Додава Милошоски во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела. Дали некакво придвижување ќе се случи до самитот на НАТО во Букурешт останува незивесно. Нашето членство во Алијансата не е врзано за самити туку за решавање на спорот за името, вели македонскиот министер за надворешни работи. Сепак, дел од експертите се на став дека пасивност и неиницијативност во овој период до ноември, Македонија не смее да си дозволи.

,,Ако ние до тогаш не успееме да имаме некоја активност за средба со Нимиц, средба на преговорачите, или средба на највисокиот врв, тогаш ние на самиот на НАТО ќе ,,извисиме" и дури може да очекуваме и да не бидеме споменати, што ќе биде многу поразително затоа што веќе две години НАТО се занимава со тоа дека ние ги имаме исполнето условите и дека единствен проблем останува решение на спорот за името."

Хисен Рамадани
Изјави професорот Ивица Јосифовиќ. Сепак како што додава аналитичарот Хисен Рамадани нема сигнали дека до ноемврискиот самит ќе се случат какви и да се иницијативи од наша страна процесот да биде забрзан.

,,Имам впечаток дека нема некое расположение за некоја инцијативност која би била динамична, одлучна итн."
Имам впечаток дека нема некое расположение за некоја инцијативност која би била динамична, одлучна итн


Расположение за покренување нови иницијативи и што поскоро решавање на прашањето за името мора да има или мора да биде наметнато со оглед на околностите во кои евроскептицизмот расте, а со него заглавуваат и националните интереси.

,,Затоа што ако продолжи да расте трендот на евроскептицизмот не е тоа добро за државата, имајќи во предвид дека одозгора им кажуваат дека од една страна назадуваат во реформите, а спорот со името останува да тапка во место и нормално народот нема да биде задоволен од таквото движење на работите."

Додава Јосифовиќ.
XS
SM
MD
LG