Достапни линкови

Иванов во идната недела во Брисел


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе има работна средба со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и министерот за правда Михајло Маневски. Средбата, како што информираат од Кабинетот на Иванов, е во функција на неговата посета на Брисел на 9 и 10 септември и во контекст на претстојниот извештај на Европската комисија за Македонија. Иванов, според најавите, во Брисел треба да се сретне со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, со претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, со високиот петставник на ЕУ за надворешна политика и безбеност Кетрин Ештон и со комесарот за проширување Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG