Достапни линкови

Ахмадинеџад ги осуди израелско палестинските преговори


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ги осуди израелско палестинските мировни преговори, оценувајќи дека тие нема да бидат успешни. Во говорот на одбележувањето на денот на Палестинската солидарност во Техеран тој ги исмеа директните преговори што вчера во Вашингтон ги започнаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ахмадинеџад изјави дека луѓето на Блискиот Исток билe способни да го отстранат ,,ционистичкиот режим од светската сцена.,,
XS
SM
MD
LG